Ударот во челниот дел од преградата на почетокот од булеварот бил кобен за Буштур

Додека кошаркарските вљубеници се уште тагуваат по трагично загинатата НБА-ѕвезда Коби Брајнат, македонската и регионалната спортска јавност доживеа уште еден шок. Во сообраќајна несреќа жиивотот го загуби македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур.

Тој доцна синоќа пред полноќ, веднаш по кружниот тек кај фабриката за цемент „Усје“ во правецот кон Кисела Вода, на почетокот од новопроектираниот булевар доживеа сообраќајна незгода во која загина на лице место.

Местото на несреќата е во зона каде доминираат индустриски објекти. Нема многу очевидци како дошло до несреќата. Новиот булевар кој ја поврзува Кисела Вода со Аеродром од есенеска е во целосна функција и ја зеде првата жртва.

Времето синоќа беше врнежливо, но лизгаво. Буштур со својот „пик-ап“ ја изгубил контролата и движејќи се од правецот од кај кружниот тек кон Кисела Вода, каде што почнува бетонската ограда издигната меѓу двата правци од булеварот удрил во челниот дел и настрадал.

Рано утрово само раскршената бетонска преграда меѓу двата правци на булеварот и ситни остатотци од искршеното возило сведочеа за синоќешнаtа сообраќајка со смртни последици.

Она што луѓето од околните фирми можеа да го прераскажат дека патот и утрово кога пристигнувале на работа бил подмрзнат.

Најверојатно неприлагодената брзина била причина за смртоносниот удар на Буштур.

-Се вози многу брзо. Патот е нов, а нема ни знаци за ограничување на брзината како предупредување. Сега скоро ставија занак со ограничување  30 на час поради некои градежни активност – вели еден од вработените чувари на објокт во непосредно пред кој се случила несреќата.

-На 29.01.2020 околу 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булeвар Србија во близина на крстосницата со улицата Христо Татарчев,  возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Г.(70) од Скопје, удрило во бетонска жардињера. Во незгодата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, рекоа од МВР.

Драган Николовски

 

Треба да знаете
Последни објави