Амбасадорот на Велика Британија во Косово, Николас Абот, порача дека и по излегувањето од Европската унија неговата земја ќе остане близок пријател и партнер на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објава на својата страница на Фејсбук, Абот вели дека, иако денеска ја напушта ЕУ, Обединетото Кралство „ќе остане сила која се залага за доброто во светот”.
– Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската унија денеска и ќе започне нови односи со нашите партнери во ЕУ и со другите партнери. Глобална Велика Британија ќе остане сила која се залага за доброто во светот. Ние ќе создадеме ново партнерство во Европа и ќе продолжиме да бидеме блиски пријатели и парнери со Косово. Нашите односи се засновани на заедничка историја и вредности. Безбедноста на Европа е воедно безбедност на Велика Британија и ние ќе останеме цврсто посветени на евроатлантската безбедност и на нашите европски соседи, вклучувајќи ги Косово и другите земји на Западен Балкан, напиша Абот.