При уривање на концертна и спортска сала во Санкт Петербург се случила трагична несреќа, во која еден градежен работник можеби го загуби животот, пренесуваат руските медиуми.
Снимките, кои се појавија на социјалните мрежи и сè уште не се потврдени дека се автентични, го прикажуваат моментот кога се урива покрив на сала, а еден од работниците трча за да стигне на безбедно, но не успева во тоа и пропаѓа заедно со рушевините од покривот, пишува РТ.
Видео материјалот кој е снимен со дрон прикажува огромен облак прашина, од местото каде претходно стоеше концертната и спортска сала во Санкт Петербург. Наскоро пред салата дошле и амбулантни возила.
Според руските медиуми, еден градежен работник веројатно е под урнатините, пренесува хрватски „Индекс“.
Сепак, локалните власти сè уште не потврдиле дека има загинати во овој инцидент.