Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ
Законот кој СДСМ сака да се донесе за јавното обвинителство не е во интерес на граѓани, туку е во интерес на криминалците во СДСМ. СДСМ сакаат да го донесат овој закон набрзина за да се спасат за рекетот, корупцијата, наместените тендери и сиот сторен криминал овие години.
Со нацрт законот за јавно обвинителство на СДСМ не се согласува ниту експертска јавност.
ВМРО-ДПМНЕ сака да се донесе Закон за јавно обвинителство согласно меѓународните стандарди и да претставува закон со кој треба да се направи рефеорма на целокупното јавно обвинителство. Закон со кој идниот обвинител нема да замижува пред скандали како Леонардо, Рекет 2 и Рекет 3, Сархемс и слично.
Времето на селективна правда и штитење на криминалот на СДСМ и Заев завршува.
На 12 Април следува одговорност.
СДСМ и Заев никогаш повеќе.