Очигледно е дека партијата ВМРО-ДПМНЕ неможе да се соочи и да ја прифати реалноста дека за неполни 2 години директорот на Државниот студентски дом-Скопје, Дарио Николовски, со помош на Владата на СДСМ направија крупни инвестиции во сите студентски домови. Дел од тие инвестиции се се уште во тек и новите промени наскоро ќе ги почуствуваат студентските во трите стидентски дома кои се под надлежност на ДСД, се вели во реакцијата на Државниот студентски дом-Скопје, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Валентин Манасивски од ВМРО-ДПМНЕ и денеска шири лажни информации со кои ја дезинформира јавноста дека сегашните услови во кои живеат студентите се исти како оние од нивното децениско трошење и неинвестирање.
За овие 2 години комплетно се реновирани и опремени со мебел собите во блоковите „ В и Г“ во студентскиот дом „Гоце Делчев“ и истите ќе бидат отвотени за студентите за неколку дена. Паралелно со оваа инвестиција студентите од домот ќе добијат комплетно нов студентски двор. Градежните работи се во тек и предвидуваат ново зеленило, урбани елементи, контролиран влез на возила и др. За потсетување ВМРО-ДПМНЕ дворот во студентскиот дом „Гоце Делчев“, го претвори во паркинг простор во кој можеше кој сака и кога сака да се паркира, без најава или било каква контрола, што претставува и поетнцијална закана за било кој од студентите сместени во студентскиот кампус.
Во студентскиот дом „Стив Наумов“ се инвестира во целосна реконструкција на зградите 1 и 2. Проектната докунатација се изработува и истата предвидува, видео надзор за безбедност на судентите и контрола на посетителите, два лифта но и комплетна реконструкција на кровот, прозорите, вратите, тоалетите и подовите. Во овој дом запуштените простории се адаптираа во простории за дружба на студентите.
Во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ комплетно се уреди дворот но и празните и неупотребливи простории кои сега имаат намена на простории за обуки или семинари. Овој дом наскоро ќе се реновира комплетно во делот на енергетската ефикасност преку меморандумот на соработка со германската КфW банка.
Факт е дека проблемите со кои се соочуваа студентите во зимските месеци повеќе ги нема. Државниот студентски дом ги реши проблемите со недостаток на парно греење и топла вода, а паралелно со ова го намали долгот на институцијата од 300 милиони денари кој сега е сведен на половина.
ВМРО-ДПМНЕ да престане да дава лажни информации и да се бламира себеси бидејќи меѓу споменатите покрупни инвестиции ова раководство го промени и менито на студентите по цели замислете 16 години и воведе нови и здрави намирници. ВМРО-ДПМНЕ ги остави студентите гладни, во ладни соби без греење и топла вода. Промените кои ги направивме се за период од само 2 години.
Токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ да престане да манипулира туку да соработува како здрава и конструктивна опозиција со проекти кои се од значење на студентите. Државниот студентски Дом во соработка со владата продолжува да инвестира во студентскиот стандард и иднината на студентите“ стои во реакцијата на ДСД.