Пејачот Енрике Иглесијас (44) го очекува третото дете со долгогодишната партнерка и поранешна тенисерка Ана Курникова (38), пренесуваат странските медиуми.
Двојката досега не ја потврди среќната вест, но фотографиите објавени во шпанското списание „Хола!“ ја покажуваат двојката на брод на Мајами, каде што на Ана ѝ се гледа трудничкото стомаче. Криењето на бременоста од јавноста не е никаква новост за нив имајќи предвид дека ја криеја и веста оти чекаат близнаци, сега 2-годишните Луси и Никола, кои се родени во 2017 година.
Се ширеа шпекулации дека близнаците им ги родила сурогат-мајка, но Ана го демантира тоа објавувајќи фотографија на која позира со трудничко стомаче.
Енрике ретко зборува за љубовта со Ана. Тие ја почнале врската во 2001 година, а се запознале на снимањето на спотот за неговиот хит Escape.