Ждрепка за четврт-финале во Купот на Шпанија: Барселона против Атлетик Билбао

– Барселона – Атлетик Б. ќе биде дерби на четвртфиналната рунда во шпанскиот фудбалски куп. Мечот е закажан за наредната недела на стадионот „Сан Мамеш” во Билбао. Клубот од Баскоја има 23 титули во натпреварување додека Каталонците се рекордери со 30.

Со ждрепка се одредени и останатите три двојки.

Реал Мадрид ќе биде домаќин на Реал од Сан Себастијан, бранителот на титулата Валенсија ќе гостува кај Гранада додека Мирандес кој вчеравечер ја елиминира Севилја ќе игра со Вилјареал.

Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат од 4 до 6 февруари. Победниците ќе се пласираат во полуфинале, фаза во која има два меча (12 февруари и 4 март), големото финале е на 18 април.

Треба да знаете
Последни објави