Израелската војска соопшти дека започнала воздушни напади „од широки размери” врз воени цели во Појасот Газа, бидејќи палестинските екстремисти испукале три ракети кон Израел, од кои две биле пресретнати.
Нема извештаи за жртви или штети од размената на оган синоќа, што доаѓа во услови на засилени тензии по објавувањето на американскиот мировен план за Блискиот исток, кој беше поздравен од Израелците, а отфрлен од Палестинците.
Планот предвидува израелска анексија на сите еврејски населби во долината Јордан, нудејќи им на Палестинците самоуправа во Газа, делови од Западниот Брег и некои ретко населени области на Израел, во замена за исполнување долг список на услови.