Средновечен маж меѓу четириесет и педесет години веќе трет ден се шета низ Трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром и се соблака гол во бутиците, дознава 24 инфо.
Според вработените во продавниците, човекот влегува во бутикот како муштерија најчето онаму каде има жени вработени. Но бира продавници каде се продава гардероба и за двата пола. Зема дел од понуденото на штандовите, влегува во гардероба да проба, но намето тоа се соблекува гол и излегува надвор пред продавачките и муштериите. Додека да сватат што се случува, го зема мантилот и неговата гардероба и бега низ ходниците. До сега се појавил гол во два бутика, на приземјето и еден на спратот. За манијакот сопствениците на продавниците го известиле и Управниот одбор на ТЦ „Бисер“, но и обезбедувањето. Се обидовме да контактираме со нив, но одговор од таму не добивме со образложение дека не работат попладне. За изјава ни рекоа да се обратиме во понеделник.
Според нашите извори човекот го има снимено и безбедоносната камера на трговскит центар и се трага по него последниве два дена. Вработените низ Бисер се во паника. Веќе сликата од манијакот кружи меѓу нив и се надеваат дека за кратко истиот ќе биде фатен.
Дел од очевидците велат дека човекот изгледа многу нормално се однесува како секој што дошол да купи, но од гардеробата после неколку минути се појавува целосно гол. Ја користи паниката на луѓето и бега многу брзо.
-Разгледуваше гардероба, прашуваше за бројки и за боја на дел од она што го имаме и ништо не навестуваше дека е манијак се додека не се појави гол од гардеробата. Не фати паника и излетавме од продавницата. Додека отидов кај сосетката него веќе го немаше, вели една од очевидците.
Валентина Ангеловска