Мисајловски: За два месеци 6000 вработени административци, а само 536 во Македонски шуми

Во изминативе неколку години, а со исклучително засилено темпо во изминатите неколку месеци се случува процес на оптоварување на државните институции со огромен број на нови вработувања, што се извор и жариште на нов непотизам спороведуван од власта, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само во последните два месеци, откако е договорен датумот за избори, 12-ти април, во администрацијата на сите нивоа во државата се вработени преку 6.000 нови административци. Над 6.000 луѓе само во ноември и декември, без огласите распишани овој месец. Овој месец е распишан оглас за 536 нови работни позиции во Македонски шуми“, рече Мисајловски.

Претходно, додаде тој, имаше огласи за стотици нови вработувања во ЕЛЕМ,во МЕПСО, во Царина, во Градот Скопје со нивните јавни претпријатија.

„Ова почитувани значи отворена корупција, отворено купување гласови, но и знак дека власта знае дека ја чека пораз и затоа крши закони. Ова е игра со граѓаните, игра со чувството и потребата на човек за да работи и заработи. Ова е залажување на граѓаните кои се во незавидна положба да прифатат вработување на определено време, со надеж, дека ќе бидат вработени и трајно доколку го поддржат тој што овие три години ги држи во таква незавидна позиција. Ова е класична корупција, но и партизација, политизација на администрацијата, за што укажува и Европската комисија во своите препораки“, рече Мисајловски.

Треба да знаете
Последни објави