Николовска: СДСМ и Заев штанцаат лиценци за одгледување на канабис на свои блиски лица

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска

Помина цела недела, а СДСМ молчи за скандалот “Канабис – милионите на Заев”.Молкот значи потврден одговор и дека се што изнесовме како факти и докази пред очите на јавноста на прес конференците е вистина. Власта на СДСМ и Заев со доделувањето на над 30 лиценци за одгледување канабис, од кои 10 само во 1 месец и со новиот закон за марихуана се обидува да создаде нова рекет машина.

Најпрвин, од сите доделени 31 лиценца во ниту еден момент не видовме од владата јавно да ги обелодени елаборатите поднесени за добивање лиценци за одгледување канабис, каде што според нашите сомневања и информации сметаме дека дел од нив се направени според непостоечки закон. Односно дел од лиценците се незаконски доделени.

Потоа, Владата на Заев не негираше во ниту еден момент дека доделила лиценци на свои блиски лица, меѓу кои идниот зет на Зоран Заев, синот на шверцерот на цигари Боро Малборо, синот на финансиерот на СДСМ, Ванчо Деликатес, мајката на сопственикот на НИКОБ – фирма која ја обезбедува Владата, сопственикот на ДЕЛУКС АУТО исто така донатор на СДСМ и снабдувач на сите возила во институциите.

Која е цената на овие доделени лиценци? Дали сите ги исполнуваат условите? Дали семејството Заеви се крие позади идниот зет на Зоран Заев во фирмата која земала лиценца од владата? Дали претходните финансирања на СДСМ од страна на бизнисмените е цена за лиценците? Дали при здрав разум се дава лиценца на семејство каде што има осуден за шверцување цигари? Дали Заев сака да продолжи да шверцува марихуана?Одговорите им се јасни на граѓаните.

СДСМ е партија која што работи само за личниот интерес и ја приватизираше Република Македонија. Заев и СДСМ паѓаат од власт и никогаш повторно нема да се вратат.“

 

 

Треба да знаете
Последни објави