Со реконструкцијата на тоалетите во училиштето „Аврам Писевски“ (Бардовци) целосно се подобрија хигиенско – санитарните услови во оваа образовна институција.. Активностите беа спроведени во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, со финансиска поддршка од Европската Команда на САД (ЕУКОМ).
Денеска, во посета на училиштето беше градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, претставник од Канцеларијата за одбранбена соработка на САД, мајор Патрик Енрикез и претставник од Европската Команда на САД (ЕУКОМ), Игор Кралев.
Во ова училиште, Општина Карпош направи и тоалет за ученици со попреченост, а веќе се работи и на нова сензорна соба, која ќе биде одраз на општествена одговорност.
-Во следниот период целосно ќе се фокусираме на промена на системот на греење во училиштето. Веќе аплициравме за добивање на средства преку Јавниот повик за намалување на аерозагадувањето. „Аврам Писевски“ за училиштето повеќе да не се загрева на фосилни горива туку ќе се користат термални пумпи (систем „воздух – вода“ ). Со ова, ќе се промени системот на греење и на овој објект, со што нема да има воспитно – образовна установа во Карпош која се грее на нафтени деривати, рече Богоев.
Со реновирањето, за околу 270 ученици и наставници се обезбедени подобри услови за настава и работа, а исто така беше инсталирана и надворешна канализациона мрежа во дворот на училиштето, со цел да се спречи непријатна миризба.
Мајот Енрикез го истакна задоволството од посетата на „Аврам Писевски“, кое е мултикултурно училиште и има спој меѓу Ромите и локалното население.
Исто така, беше посочено дека САД ќе продолжи да дава поддршка за развој на руралните подрачја во Македонија, но и во други сфери од секојдневното живеење.