Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео денеска во Киев изјави дека американската поддршка за Украина е непоколеблива, а неговата посета доаѓа во текот на процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп отворена токму заради украинската афера.
-Денеска сум овде со јасна порака: САД ја сметаат за храбра украинската борба за слобода, демократија и просперитет. Нашата поддршка нема да потклекне, рече Помпео, кој се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.Помпео престојува во Украина во време додека во Вашингтон тече процесот за отповикување на претседателот Трамп, кој е обвинет од демократите дека вршел притисок врз Украина да спроведе истрага против неговиот можен политички противник на изборите годинава Џо Бајден, како и дека го попречувал Конгресот во истрагата за случајот.