Прегазен и претепан вработен на паркинг во „Аеродром“

Вработен во Градки паркинг попладнево околу четири часот прво бил прегазен, а потоа претепан пред маркетот на „Веро“ во Аеродром, дознава 24 инфо. Според очевидци, вработениот на паркиралиштето се обидел да им наплати казна на луѓето кои биле несоодветно паркирани, но и не го платиле паркирањето. Настанала вербална расправија. Наместо да ја платат казната, двете лица го навредувале службеникот, потоа влегле во автомобилот, по што го прегазиле вработениот. Прво му го турнале моторот откако го стартувале возилото. Вработениот паднал на коловозот пред маркетот. Откако се нашол на земја, двајцата кои биле во возилото, наводно татко и син излегле од него и го претепале човекот. Потоа истиот со итна медицинска помош е пренесен на Клиничкиот центар за укажување на прва помош и понатамошно лекување.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави