Притвор за наставникот од Гостиварско кој бакнувал ученичка

Одделението за внатрешни работи Гостивар-Надворешна канцеларија за криминалистички работи, до Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесе кривична пријава против 54-годишниот Х.Р, наставник во основно училиште во Гостиварско.

Според МВР, осомничениот на 29 јануари во периодот од 15.30 до 15.45 часот во училница во училиштето повикал малолетно девојче, ја затворил вратата, го прегрнал и бакнал при што со мобилниот телефон направил заедничка фотографија. Кога оштетената малолетничка излегла од училницата, осомничениот и кажал дека повторно ќе ја повика.

Пријавениот Х.Р. е лишен од слобода, по што бил изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена.

Треба да знаете
Последни објави