Фернандеш ќе дебитира утре за Манчестер јунајтед

Новото засилување за англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, може да го има своето деби утре против Вулверхемптон. Ова го сподели на денешната прес-конференција пред натпреварот менаџерот на „црвените ѓаволи”, Оле Гунар Солскјер.

– Тој е добро подготвен и дефинитивно ќе биде во составот за натпреварот. Бруно имаше неколку бурни денови, а вчера неговата ќерка полнеше 3 години. Не знам колку минути ќе има, но ќе биде во составот. Тој е еден вид играч како Пол Сколс. Тој може да стори апсолутно сè, за да нема притисок врз тимот. Бруно го следиме неколку години. Се развива се повеќе и повеќе. Тој ќе биде фантастичен играч за Манчестер Јунајтед, изјави менаџерот на„ црвените ѓаволи “.

Бруно Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд” и потпиша договор за пет ипол години. Манчестер Јунајтед плати 68 милиони фунти на неговиот поранешен клуб Спортинг Лисабон занеговите услуги.

Треба да знаете
Последни објави