Хеликоптерот со кој загина Коби немал дозвола за летање !?

Американската сојузна управа за цивилно летање (FAA) во текот на истрагата за несреќата во која загина кошаркарската НБА-легенда Коби Брајант и уште осум патници, открила дека сопственикот на хеликоптерот “Сикорски С-76Б” немал дозвола за лет по лоши временски услови и дека хеликоптерот воопшто не смеел да лета. Иако пилотот Ара Зобајан имал дозвола за лет, компанијата “Ајленд Експрес Хеликоптерс” не ја поседувала истата.

Хеликоптерот кој се урнал во Калифорнија смеел да лета само по принцип на визуелно летање, со предуслов видливост од најмалку пет километри и облаци не пониски 300 метри над земјата.

Но, видливоста во неделата била толку лоша, маглата била густа и влажноста на воздухот била стопостотна, па и полицијата на Лос Анџелес наредила да се приземјат сите нејзини хеликоптери.

На пилотот Зобајан контролата за лет му дала дозвола за летање по посебни услови за видливост, иако условите во тој момент биле многу неповолни.

Лос Анџелес планира комеморација за починатиот кошаркар и неговата ќерка, но времето и местото официјално уште не се познати. Стејплс центарот има капацитет за 20.000 луѓе и сигурно ќе биде претесен за да ги прими сите заинтересирани, па во Калифорнија сериозно размислуваат церемонијата за простување од Коби да ја организираат на стадионот Мемориал со капацитет од 80.000 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави