Американскиот претседател Доналд Трамп ја планирал многу порано кампањата за притисок на Украина да компромитира свој политички ривал, прад да го побара тоа од украинскиот претседател Володомир Зеленски, дознава „Њујорк тајмс”.
Претседателот дал инструкции во однос на ова на својот тогашен советник Џон Болтон, се вели во најновата книга на екс-советникот, дознава весникот. Средбата се случила лани во мај во кабинетот на Трамп и во неа учествувале Мик Молвејни, шеф на кабинетот, личниот адвокат на претседателот, Руди Џулијани и адвокатот Пат Сиполоне.
Претседателот му дал инструкции на Болтон да се јави на Зеленски и да му каже дека треба да се сретне со Џулијани, кој во тоа време планирал да патува за Украина за да дознае повеќе за истрагите побарани од Трамп.
Демократите го бараат Болтон како клучен сведок, кој според нив може да ја каже вистината за тоа што се случило во однос на наводната коруптивна шема на претседателот, меѓудругото, обвинет за злоупотреба на моќта, и отповикан од Претставничиот дом.
Судот за импичментот на Трамп продолжува денеска со заклучните говори на обвинителите и заштитата, по што ќе се пристапи кон гласање дали треба да бидат повикани сведоци. Се уште е нејасно дали откритијата од необјавената книга на Болтон ќе влијаат екс-советникот да биде повикан на распит од Сенатот.
Републиканците стравуваат дека уште едно сведочење може да повлече каскада од други сведоци што може да ја развлече судската постапка уште најмалку две недели и најважно, може да му наштети на Трамп во предизборниот период.
Исходот од денешната сесија најверојно ќе биде републиканска блокада на барањата на демократите за повик нови сведоци и преминување кон клучната фаза – гласање дали претседателот ќе биде оправдан и ослободен од обвинијата.