Полиција во заштитни костими вчера во Вухан опколила тело на мртов маж кој бил пронајден како лежи на тротоарот.
Мажот со седа коса носел заштитна маска за лицето, а паднал и умрел додека одел по улицата. На снимки објавени од локалните медиуми се гледа како медицинскиот персонал го покрива телото на човекот со сино ќебе, по што полицијата го опколила местото со картонски кутии за да ја скрие вознемирувачката глетка од очите на другите минувачи, пренесува „Дејли мејл“.
Телото набрзо било внесено во амбулантно возило, по што медицинскиот персонал започнал да го дезинфицира тој дел од улицата. Целиот овој трагичен настан за жал потсетува на вознемирувачките сцени од филмовите за катастрофи, во кои, поради непозната епидемија, луѓето умираат на улица.
Жена која стоела близу до човекот кога паднал, изјавила дека верува оти починал од инфекција со коронавирус.
The @guardian: A man lies dead in the street: the image that captures the #Wuhan #coronavirus crisis.
Thank goodness there hasn't been any human-human transmission of the #caronavirus in Australia and we don't need to worry hey @GregHuntMPhttps://t.co/NawclFgpST
— Rodd Clarkson (@mrmintslice) January 31, 2020
Бројот на загинати од вирусот во Кина се зголеми на 213, а Светската здравствена организација (СЗО) вчера прогласи состојба на глобална здравствена криза.