Ердоган ги обвини арапските земји за „предавство”

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изрази осуда за некои арапски земји за нивната поддршка за мировниот план за Блискиот Исток, претставен од САД, окфалификувајќи го нивното однесување  како „предавство”.

– Некои арапски земји кои поддржуваат ваков план вршат предавство на Ерусалим, како и на сопствениот народ и уште поважно, на целото човештво, изјави Ердоган пред своите сопартијци во Анкара.

Ердоган, кој е категоричен во бранењето на палестинските права, ги истакна Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Јордан.

– Особено Саудиска Арабија, вие молчите. Кога ќе ја прекинете тишината? Ако ги погледнете Аман, Бахреин и Абу Даби, ја гледате истата работа, рече турскиот претседател.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот објави детали за долгоочекуваниот план насочен кон решавање на израелско-палестинскиот конфликт, во кој се предвидува Ерусалим да остане „неразделен главен град” на Израел.

Треба да знаете
Последни објави