ВМРО-ДПМНЕ 11 години крадеше од државата, ги злоупотребуваше институциите за партиски и лични цели на своите функционери. Последен доказ за тоа е кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, поднесена против поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Според официјалната пријава, пријавениот ги пречекорил своите овластувања и спротивно на законите склучил договор за дело со кој во 2016 и 2017 година овозможил стекнување на противправна имотна корист од 377.604 денари.
Тоа истата матрица по која функционерите на ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја крадеа државата ги злоупотребуваа институциите за да префрлаат народни пари на свои сметки и да ги трошат за свои потреби, а врз вработените во администрацијата вршеа притисоци и закани со казни и бркање од работа.
Откако заврши криминалното и режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за само 2,5 години на локално ниво се поднесени 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа за опозицијата главен приоритет и натаму е одбрана на криминалот од нивното 11 годишно уништување на државата. Граѓаните го знаат тоа и затоа на 12 април ќе порачаат дека враќање на режимот нема да има!