Маргот Роби сака мажите да го гледаат „Птици грабливки“

Маргот Роби се надева дека мажите ќе го гледаат „Птици Грабливки“, оригинален наслов Birds of Prеy (And The Fantabulous Emancipation Of One Harley Quinn.

29-годишната актерка ја репризира улогата на Харли Квин од „Одред на самоубијци“ (Suicide Squad) во новиот филм –  акција авантура –  заедно со Ела Џеј Баско, Џарни Смолет-Бел, Мери Елизабета Винстед и Рози Перез.

Таа не сака жените протагонисти во филмот како и жена режисер, Кети Јан, да ги одврати мажите да го гледаат филмот затоа што верува дека сепак ќе пронајдат нешто заедничко, нешто што ќе ги поврзе со нив.

Говорејќи на светската премиера на филмот во Лондон во средата, 29 јануари, таа рече: „Се надевам дека момците гледаат филмови со женски улоги исто онолку колку што гледаат филмови во кои главните улоги ги играат мажи.“

“Бидејќи јас гледам филмови без разлика на полот на протагонистите и пронаоѓам начин да се поврзам со човековото однесување.“

„Чувствувам дека ако повеќе мажи гледаат содржини во кој доминираат жени ќе пронајдат начин да се поврзат,“ вели Маргот.

Маргот го продуцираше филмот и иако ѝ беше „приоритет“ да регрутира повеќе жени, таа инсистира на тоа дека Кети Јан не ја добила режисерската палка заради нејзиниот пол, туку затоа што таа едноставно била вистинската личност.

Таа за „Скај њуз“ изјави: „За мене е голем приоритет секогаш да барам можности за жени затоа што тие дефинитивно и историски добиваат помалку можности.

 

Треба да знаете
Последни објави