До дополнителната заменик министерка – по доставено нејзино барање и беа доставени годишните планови за планирани вработувања на институциите за 2020 и 2019 година по буџетски корисници од прва линија и за јавните претпријатија, каде може да се најдат сите вработувања, унапредувања и пензионирања предвидени по институција. Со овој допис доставена е евиденција за кадровското екипирање на институциите за тековната и претходната фискална година, од каде јасно може да се видат сите движења, реагира Министерството за финансии по денешните обвинувања на дополнителниот заменик-министер Гордана Димитриеска Кочоска.
– Во однос на известувањата на институциите за вработувања – односно согласностите, ве известуваме дека задача на Министерството за финансии е единствено проверка дали институцијата има обезбедено средства во буџетот во тековната фискална година за вработувањето, а не и одобрување на истото. Законска обврска на Министерството за финансии е да известува дали се обезбедени средства во буџетот на барателот или не, а не да води политика на вработување, стои во соопштението.