Граничниот премин е изграден со средства од ЕУ, преку ИПА програмата. Објектот чини 1,2 милиони евра, обезбедени од ЕУ во рамки на прекуграничната соработка, со поддршка на државата од 10 проценти. Изградбата на патот од село Слупчане до граничниот премин Белановце од 15 километри ја финансирала државата и чини шест милиони евра.
Преминот е доказ за добрата волја, посветеноста во интерес на граѓаните од двете страни на регионот, рече во обраќањето премиерот, истакнувајќи дека се олеснува комуникацијата на жителите, што е предлуслов за зголемување на трговската размена и економската соработка на регионот.
-Проектот дава важна политичка димензија за уште еден пробиц напред, на и онака исклучително добрите односи помеѓу Република Сееверна Македонија и Косово. Резултатат на добрите односи помеѓу нашите две земји и успешна завршница на овој граничен премин, рече Спасовски.
Преминот, додаде, е одличен за развој на бизнис врските, за економски напредок на локалните заедници.
-Заедничкото дејствување во надминување на предиивиците прифатени од двете страни, со цел промовирање на добрососедските односи, негување на стабилноста, безбедноста и просперитетот како и охрабрување на хармоничниот, урамнотежен и одржлив развој е суштина и на ИПА програмата за прекугранична соработка, истакна Спасовски, забалагодарувајќи се на поддршката од ЕУ за проектот.
На имплементација на овој проект му претходела добрата соработка на релевантните институции на двете држави и Делегацијата на ЕУ во државата и Канцеларијата на ЕУ Приштина.
Зборувајќи за позитивните и конструктивните билатерално односи помеѓу двете држави, истакна дека ваквите проекти ги продлабочуваат меѓусебните односи и посочи дека е подобрена инфраструктурната мрежа меѓу двете земји за изградба на една делница од автопатот Блаце-Скопје.
Двете држави, додаде, се дел од повеќе регионални иницијативи и дека регионалната соработка е клучен приоритет на надворешната политика на Владата и дека градењето добри односи со сите соседи е стратешка цел.
Пристапот на државата кон овој процес е конструктивен, искрен и затоа вели нема ниту едно отворено прашање со соседите.
-Како регион ќе успееме само ако работиме и соработуваме заедно. Регионалната соработка е една од причините за наклонетоста на ЕУ и на нејзините земји членки за поддршка и охрабрување на државите од регионот со европски амбиции. И таа поддршка е клучна за сите нас, рече Спасовски. Иднината е во соработката, заедничка цел, истакна, се добрите односи, благосостојба на граѓаните и членство во ЕУ.
Вицепремиерот Османи истакна дека проектот е европски и ја одразува продуктивна и длабока соработка меѓу Северна Македонија и Косово.
-Вложивме вонсериски напори да го вратиме овој проект високо на агендата на двете влади, а потоа, заедно со останатите учесници во проектот, да ги обезбедиме сите услови за неговата реализација-рече Османи, заблагодарувајќи се на претсавнциците на ЕУ и на партискиот лидер Али Ахмети кој го издигнал проектот на високо ниво на политичката агенда.
Објектот е на двете држави изграден на самата гранична линија, појасни Османи. На изградбата му претходел комплексен процес усогласување на активностите со законодавствата на двете земји, координација на институциите на двете држави, но и запазување на европски критериуми при изведбата, имајќи предвид дека средствата за овој проект се обезбедени преку европските ИПА фондовите наменети за двете држави. Предизивиците се нандминати во интерес на граѓаните на двете држави, додаде, но пред се на населението кое гравитира во овој регион, кои негуваат семејни блиски односи.
Белановце – Станчиќ е функционален меѓународен премин, што можност за унапредување на севкупната трговската и економската соработка меѓу двете земји.Преминот, истакна нуди потенцијал за нејзино унапредување, од која корист ќе имаат граѓаните на двете земји.
Хоџај од своја страна рече дека преминот е камен темелник за заедничката соработка на двете земји.
-Навистина сме благодарни на ЕУ за финансиската поддршка за отварањето на преминот и симболиката не е само финансиска, туку и поради улогата која што ја имаше ЕУ во отварањето на преминот, рече Хоџај.
Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи истакна дека проектот е капитален, бидејќи ги поврзува граѓаните од двете страни на границата. Пред присутните се обрати и градоначалникот на Гњилане, Љутфи Хазири посочи дека со граниниот премин се скратува времето на патувањето до соседните општини и одлична можност за развој на локалната и регионалната соработка.