Во Русија денеска се регистрирани првите два случаи на заразени со новиот коронавирус, соопшти заменик премиерката Татјана Голикова.
Како што соопштуваат од Москва, станува збор за двајца кинекси државјани, а случаите се регистрирани во Трансбајкалскиот и Тјуменскиот регион, пренесе Тасс.
-Тие се наоѓаат под строг надзор. Изолирани се и им се укажува неопходната помош. Двајцата се кинески државјани, изјави Голикова.