Списанието „Форбс“ ја прогласи Скарлет Јохансон (35) за најплатена актерка во 2019 година со заработка од 56 милиони долари. Таа почна да глуми на осумгодишна возраст, се испроба во музиката, театарот и како презентер, а минатата година заработи најмногу од блокбастерот „Одмаздници: Крајот на играта“, пишува „Инсајдер“.
Покрај гореспоменатите „Одмаздници“, Скарлет е најпозната по улогата во филмот „Изгубени во преводот“, во кој глуми заедно со Бил Мари, а годинава е номинирана за два Оскари, за улогите во филмовите „Зајакот Џоџо“ и „Приказна за бракот“.
Нејзиното богатство се проценува на 165 милиони долари. Минатата година заработи дури 56 милиони долари, а само за улогата во „Одмаздници“ доби околу 35 милиони долари.
Во мај 2019 година таа ја објави свршувачката со Колин Џост, и тогаш доби и дијамантски прстен од 11 карати во вредност од 450.000 американски долари.
Таа беше во брак со Рајан Рејнолдс и Роман Дориак, со кого има петгодишна ќерка Роуз.