По две и пол години водење силна и одговорна економска политика направивме економски пресврт, напиша утрово премиерот Оливер Спасовски на својата официјална страна на „Фејсбук”.
Спасовски посочува дека минималната плата е зголемена на 14.500 денари, просечната на 25.787 денари, а невработеноста е намалена на 17,1 процент.
– Од БДП -1,8 проценти, постигнавме просечна вредност на БДП од 3,5 проценти. Од минимална плата 9.000 денари, сега имаме минимална плата од 14.500 денари, а просечната плата изнесува 25.787 денари. Невработеноста во третиот квартал во 2019 година е намалена на рекордно ниски 17,1 проценти, напиша Спасовски.
https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.261906130653684/1485415221636096/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARBcKu-Md0gk839g8tWR-tuwlR-MTlPcy2IlXTdvOPnXNba0xcD5TjMyRj6WaO_O45Jr_5R7AMLpe8qOHQplL4ESFa4FqcQrSS_jmeDKfV1OI_1exy7tj9lru0flNQt1TB43edBSTgQMtjdtmKUXzfP3aecjDrjInAh0nv6ngjsk9uhTTZ5x0KB4Ih8fvKh30l29SsFXd3IDhN73uoCIDqro_YYBD6O-x_ql6GU0bl6ufEiIaazi56WCmZ7D7Yy1lVBA_uzsmeFQ2wC7GWwrYqY9lLYHVI1aOnJ1a9TP0LhTroblutZJ4dlOlB4uvi6szJUMgLJvG3yL7xFNKWzPqN_Xcw&__tn__=-R