Судењето на организаторите за собраниските инциденти од 27 април 2017 година е закажано за 21 февруари. Оваа информација ја кажа обвинителката Вилма Русковска на денешното рочиште за предметот „Рекет“, на кое побара да нема судење на 21 февруари бидејќи ќе почнело судењето за 27 април.
Во тој случај обвинети се поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Обвинет е и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. На обвинителна клупа нема да седнат експремиерот Никола Груевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, бидејќи се во бегство, а за нив не беше покренато обвинение.