Доминик Тим од Австрија ќе биде противникот на српскиот ас Новак Ѓоковиќ во финалето на тенискиот гренд-слем трунир Австралија опен откако со 3-1 (3:6, 6:4, 7:3, 7:4) во сетови го совлада Александер Зверев. Во финалето Тим го чека најтешкиот противник, Ѓоковиќ кој годинава е бранител на трофејот и седумкратен победник на овој прв сезонски гренд-слем турнир.
-Два пати бев поразен од Надал во финалето во Париз, сега играм во Мелбурн против Ѓоковиќ, клуч за успехот може да биде мојата трпеливост. Ѓоковиќ е фантастичен во Австралија, има седум титули и сметам дека го добив најтешкиот противник во ова финале. Јас ќе се обидам да дојдам до трофејот во Австралија – порача Тим.
Во досегашните меѓусебни пресметки Тим има негативен скор со Новак Ѓоковиќ (4-7).