Јанева дома имала теретана и боксерска вреќа, Кичеец оружје

Судењето за случајот „Рекет” продолжува на 6 февруари, откако на денешното рочиште беа презентирани материјални докази. На следното рочиште ќе се продолжи со презентирање материјални докази. На ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството.

Во судница денеска беа презентирани фотографии од предмети одземени од домот на Катица Јанева во Скопје и Гевгелија, во нејзината канцеларија во СЈО, како што се мобилни телефони, лап топ, два надворешни хард дискови, десет УСБ-а, фактури и белешки.

Снимки од претресот беа презентирани на видео бим, на кои се виде запленетата гарнитура од 5.000 евра, како и “Луј Витон” чантата, која обвинителството ја одзело како доказ. Оваа чанта не е иста со торбата од истиот бренд, а во која беше спакуван 1 милион евра. Одземената кожна аголна гарнитура и дрвена маса од домот на Јанева во Скопје, како што се виде од изнесените фотографии, биле предадени на Агенцијата за управување со одземен имот во Тетово. На снимките се прикажаа сите соби од куќата, од спалната соба до бањата, а на приземјето се виде и теретана, со фитнес опрема, меѓу која и боксерска вреќа

Исто така беа прикажани и белешки од тефтер на Јанева, но содржината не беше читлива за присутната јавност. Единствено можеше да се прочита една белешка со содржина “Дали има други снимки, по се изгледа не”, а на дел од страниците се читаше и името “Боки”.

Обвинителството предлага доказите од претресот на домот на Зоран Милевски – Кичеец да се повлечат, со оглед дека тој призна вина и за него сега е одвоена постапката, но одбраната на Јовановски не даде дозвола и тие беа презентирани. Од презентираните фотографии можеше да се видат одземени оружје, мобилни, лап топи и УСБ-а.

Треба да знаете
Последни објави