раѓани и активисти попладнево ги повикаа пратениците, пред распуштањето на парламентот, да ги изгласаат законските измени за забрана на увоз на „отпад за горење“ од странство. Симболично, седнаа на булеварот пред Собрание за да ја прикажат „чекалницата” во која, како што велат, се оставени граѓаните додека законот е заглавен во собраниска процедура.
Организаторите на протестот кој го носи името „Петоци за иднинатата Скопје”, што е домашен пандан на слични настани во многу светски градови, упатија барање за итен мораториум на увозот на отпад до собраниските служби.
„Државата нема капацитети, лаборатории и механизми за соодветно и неопходно испитување на отпадот што влегува во државата заради согорување. Токму затоа, бараме мораториум на увозот на отпад додека државата не оспособи лаборатории кои ќе ги испитуваат евентуалните отрови што ги содржи увезеното ѓубре“,
пишува во барањето на активистите.
Организаторите се скараа со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ
Во знак на поддршка на протестот дојдоа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои побараа итно да се стави на дневен ред предлог-законот за ограничување на увозот на отпад. Притоа, обвинија дека власта не презела никакви мерки за намалување за загадувањето. Изјавата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред насобраните граѓани побуди револт кај дел од организаторите на протестот.
„Срам да ви е, во ваше време вие што направивте“, им довикуваа на пратениците додека даваа изјава за медиумите.
Целиот линк прегледајте го на 360stepeni