Австриската народна партија бара да се постават крстови во сите училници во Виена

Комитетот на Австриската народна партија (ОВП) сака во Виена во сите училници да се постават крстови, како мерка со која би се прекинала политиката на „добредојде“ за мигрантите што ја промовира владејачката колиција на Социјалдемократската партија (СПО) и Зелените во главниот град.

Членот на Управниот одбор на ОВП во Виена, Маркус Велбиќ, побара од градоначалникот Михаел Лудвиг да даде јасен одговор по однос на ова прашање.

Тој го повика да го поддржи спроведувањето на барањето на федералната влада, составена од ОВП и Зелените, за превентивен притвор, како и за поставување на крст во секоја училница.

„На Вина конечно ѝ е потребно дефинитивно изјаснување од страна на црвено-зелените власти кои се спротивставуваат на реалноста“, рече Велбиќ.

Некои австриски медиуми посочуваат дека ваквото барање може да ги иритира Зелените и со тоа да го расипе расположението во сојузната влада на канцеларот Курц.

Исто така пред неколку дена новата министерка за правда, инаку од Зелените, Алма Задиќ, побара да се отстранат верските симболи од училниците што остана без коментар од страна на ОВП.

Треба да знаете
Последни објави