(Видео) Снимка од наводно уривање на сала во Русија, работник пропадна во рушевините заедно со покривот

 При уривање на концертна и спортска сала во Санкт Петербург се случила трагична несреќа, во која еден градежен работник можеби го загуби животот, пренесуваат руските медиуми.

Снимките, кои се појавија на социјалните мрежи и сè уште не се потврдени дека се автентични, го прикажуваат моментот кога се урива покрив на сала, а еден од работниците трча за да стигне на безбедно, но не успева во тоа и пропаѓа заедно со рушевините од покривот, пишува РТ.

Видео материјалот кој е снимен со дрон прикажува огромен облак прашина, од местото каде претходно стоеше концертната и спортска сала во Санкт Петербург. Наскоро пред салата дошле и амбулантни возила.

Според руските медиуми, еден градежен работник веројатно е под урнатините, пренесува хрватски „Индекс“.

Сепак, локалните власти сè уште не потврдиле дека има загинати во овој инцидент.

Треба да знаете
Последни објави