Во Индија убиен киднапер, кој држел 23 деца како заложници

Индиската полиција спаси 23 деца на северот на земјата, откако уби маж, кој ги држел децата како заложници речиси 11 часа.

Децата биле на роденден на неговата ќерка.

Полицискиот службеник Мохит Агарвал изјави дека двајца полицајци се повредени кога киднаперот, идентификуван како Субаш Батам, пукал во полиција откако се обиделе да влезат во неговиот дом во селото Касари, во државата Утар Прадеш.

Полицијата соопшти дека тие неуспешно се обидувале да преговараат со Батам, кој бил под дејство на алкохол. Во инцидентот убиена е и неговата сопруга.

Агарвал додаде дека Батам бил осомничен за убиство, но бил ослободен со кауција.

Треба да знаете
Последни објави