– „Стејплс Центар” е пред емотивна вечер. Лос Анџелес Лејкерс на посебен начин ќе оддадат почит на неодамна загинатиот Коби Брајант со подарок маичка со легендарниот кошаркар за секој навивач во салата.
За пола се планирани маички со бројот 8, а за другата половина со бројот 24 што ги носеше Брајант во 20 годишните настапи за лејкерси.
Мечот против Портланд што ќе се одигра ноќеска по средноевропско време ќе биде нивни прв на домашен терен по неделната хеликоптерска несреќа во Калифорнија, со оглед дека градското дерби со клиперси во понеделникот беше откажано.