Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата сезонава, младиот словенечки интеранционалец Лука Дончиќ повторно се повреди и го доведе во прашање својот дебитантски настап на Олд стар натпреаврот кој за две недели треба да се одржи во Чикаго. Дваесетгодишниот Словенец го повредил скочниот зглоб на десната нога за време на вчерашниот тренинг.
Дончиќ ја свиткал ногата и останал на паркетот, додека физиотерапевтите не му укажале помош. Оваа повреда е слична како онаа која ја имаше на почетокот од сезоната кога пропушти неколку натпревари за тимот на Далас. Тогаш паузираше 11 дена. Првите информации од клубот велат дека новата повреда е посериозна, но не се очекува да паузира подолго.