Кочов: Лошата игра во одбраната причина за поразот од Хелиос во Скопје

Македонскиот кошаркарски првак и претставник во регионалното натпреаврување АБА2 лигата,  МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз на домашен терен сезонава и тоа од словенечкиот претставник Хелиос (85:89). Скопјани иако важеа за фаворити на оваа пресметка од регионалното натпреварување тоа не го покажаа на паркетот. Тренерот Ѓорѓи Кочов ја лоцира причината за поразот во лошата игра во одбраната.

-Одигравме катастрофално во одбраната, особено во втората и третата четвртина кога на двајца нивни кошаркари грешевме во основните дефанзивни работи. Кога ќе примите 90 поени, едноставно нема што да барате против било кој противник -истакна Кочов.

 

Треба да знаете
Последни објави