Најмалку пет лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија на гас во фабрика во Русија, соопштија официјални лица за итни случаи.
Експлозијата се случила во централниот Орловски регион, а фабриката се урнала.
Руските медиуми јавуваат дека три повредени лица се турски државјани.
Тие добиле изгореници и биле пренесени во болница, пренесува АП.