Шпанскиот фудбалски репрезентативец Пако Алкасер официјално се пресели во Виљареал. 26-годишниот напаѓач потпиша со „жолтата подморница” до летото 2025 година.
Детали за договорот со Борусија Дортмунд не се споменуваат.
Шпанските медиуми пишуваат дека „жолто-црните” ќе добијат околу 23 милиони евра за правата на Алкасер. Тој се покажа како прекуброен во составот на „милионерите“ откако тимот го ангажира норвешкиот интернационалец Ерлинг Холанд.