како пропадна трансферот на Единсон Кавани во Атлетико Мадрид по одбивањето на ПСЖ да се раздели со Уругваецот, „јорганџиите” си обезбедија ново засилување. Станува збор за фудбалер кој им е добро познат на навивачите на тимот – Јаник Фереира-Караско. Белгискиот репрезентативец играше во Атлетико до пред две години кога беше продаден на кинески Далијан Ифан.
Крилниот играч веќе е во Мадрид, а сите детали за неговото враќање во тимот на Диего Симеоне се решени. Денес, Фереира-Караско ќе помине лекарски прегледи и ќе потпише со „рохибланкос”. Тој ќе биде отстапен до крајот на сезоната, бидејќи клубот не успеа да се раздели со Тома Лемар. Ова најверојатно ќе се промени во текот на летото и Белгиецот ќе стане сопственост на Атлетико.
Една од причините за враќањето на Фереира-Караско е наметната граница за плата за странските играчи во Кина. Границата стапи во сила на 1 јануари 2020 година и е 3 милиони евра. Ова натера многу „легионери” да го напуштат шампионатот на најнаселената земја во светот.
Во 2015 година, Атлетико го купи Фереира-Караско од Монако. Напаѓачот одигра вкупно 124 натпревари за тимот и постигна 23 голови. Негов беше и изедначувачкиот гол во финалето на ЛШ против Реал Мадрид во 2016 година. Натпреварот заврши 1:1 во регуларното време и продолженијата, но „кралскиот клуб” се радуваше по изведувањето на пеналите.
Во јануари 2018 година, Атлетико го продаде Фереира-Караско на Далијан Ифан.