Повеќе од 130 лица заболени од коронавирус се излекувани, изјави постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации, Џанг Ѓун.
– Изгубивме многу животи, но во исто време спасивме повеќе од 130 луѓе, кои се излекуваа, изјави Џанг.
Тој рече дека е многу важно што типот на вирусот е идентификуван и што може да се разликува од другите.
– Борбата против вирусот и спречувањето на неговото ширење остануваат главни приоритети за Кина. Сигурни сме дека можеме да победиме, рече Џанг.
Тој смета дека во борбата против коронавирусот е неопходна меѓународна соработка, но и дека Кина ги повикува сите да се воздржат од преувеличување на сериозноста на ситуацијата, наведувајќи дека може да се слушнат и неодговорни коментари.
Кинеската здравствена комисија соопшти дека од последиците на коронавирусот во Кина починаа 213 лица, а 9.692 се заразени.
За 24 часа бројот на жртвите се зголеми за 43 лица.
Најголем број случаи има во провинцијата Хубеи и главниот град Вухан, жариштето на вирусот.
Надвор од Кина не е регистриран ниту еден случај.
Светската здравствена организација вчера прогласи вонредна состојба на глобално ниво, откако бројот на случаи на заболени со новиот коронавирус се зголеми за повеќе од десет пати во една недела.