Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави дека потенцијалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа не е условена со отворање истрага против синот на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден.
Помпео на прес-конференција со Зеленски рече дека Вашингтон и Киев заедно ќе го договорат времето за посетата.
Помпео во Украина ќе се сретне и со премиерот Олексиј Хончарук и претставници на невладиниот сектор.
Во пресрет на посетата, Стејт департментот соопшти дека Помпео во Киев ќе ја „нагласи американската поддршка за украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет”.
Помпео во рамки на турнејата по Европа и Централна Азија ќе ги посети и Белорусија, Казахстан и Узбекистан.