Расте бројот на невработени во Германија – бројката стигна до 2,43 милиони луѓе

Стапката на невработеност на Германија надмина пет проценти во јануари, најмногу поради временските услови. Бројот на невработени укажува и на понизок економски развој, покажуваат податоците на Федералната агенција за труд.

Според тие бројки, стапката на невработеност се искачила на 5,3 проценти во јануари од 4,9 проценти во декември.

„Во Германија, вкупно 2,43 милиони луѓе се регистрирани како невработени и таа бројка е зголемена за 198.000 во однос на декември“, се вели во соопштението.

Германската економија беше во пораст десет последователни години, но минатогодишниот раст од 0,6 проценти е најслаб од 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави