Претседателот на партијата „Вистинска Црна Гора”, Марко Милачиќ е уапсен на аеродромот во Подгорица веднаш по неговото слетување од Белград.
– До него дошле службеници од полициската Управа, го известиле дека мораат да му дадат покана, без да му објаснат за што станува збор, по што е спроведен со полициско возило во Центарот за безбедност, соопшти партијата.
Во соопштението се наведува дека „Милачиќ е уапсен по повеќедневен престој во Белград, каде гостувал во емисии на српските медиуми и зборувал за диктатурата на владејачката партија во Црна Гора и комунистичките начини за пресметување со политичките противници. Тој во Белград се сретнал со Патријархот на Српската православна црква Иринеј”.
Од партијата предупредуваат дека „во Црна Гора дејствува најстрога диктатура и прогон на политички противници на владејачката ДПС”.