– Напаѓачот на Торино, Симоне Заза изненадувачки ја отфрлил понудата на Интер за преминување на „Меаца”.
Според „Тутоспорт”, токму откажувањето на стрелецот го уништил договорот. Двата клуба инаку постигнаа договор за отстапување до крајот на сезоната со опција за постојан трансфер.
Можеби во голема мерка, фактот дека ќе има статус на резерва, го одбило самиот фудбалер за можноста да игра за гигантот од Милано. 28-годишниот напаѓач има 13 натпревари и 3 гола за „биковите” од почетокот на сезоната и генерално не покажува добри игри, но тој е оптимист дека ќе може да даде далеку повеќе за клубот во вториот дел од сезоната.