Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд два пати се запиша во листата на стрелци на денешниот натпреварот со Унион Берлин (5:0) од 20. коло од Бундеслигата. За Холанд ова е седми гол на три натпревари, откако се пресели во Борусија од Ред Бул, што е нов рекорд во Германското фудбалско првенство.
Претходно, 19-годишниот Норвежанец направи хет-трик во натпреварот против Аугсбург (5:3), а исто така постигна два гола против Келн (5:1).
Подвигот на Холанд добива на тежина ако се знае дека денес тој одигра 77 минути, против Аугсбург настапи 35 минути, а на натпреварот против Келн на теренот беше само 26 минути.