– Денешниот спуст кај дамите во Сочи беше откажан поради лошите временски услови, соопштија организаторите.
„За жал, напорите на 200 луѓе кои работеа цела ноќ на трасата се покажаа недоволни. Вчера врнеше многу во одморалиштето. Ова утро времето е подобро и затоа сметаме дека има шанса за трката во Супер-Г утре”, се вели во изјавата на Руската ски федерација.
Натпреварувачите не успеаја да го направат тренингот во спуст, што е задолжително. Во четврток и петок, тренингот беше откажан, а еден беше закажан порано денес пред почетокот на трката. Тој исто така не се одржа поради состојбата на патеката.
И минатата година истите два старта во Сочи беа откажани поради лошите временски услови.