На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје” на 31 јануари во 13 часот бил лишен од слобода Р.С.(27) од Р.Косово, кој при пасошка контрола приложил патна исправа на име од С.И.(24) од с.Арачиново, скопско, и по негово кажување илегално влегол во Р.С.Македонија од Р.Косово. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграција – Скопје за понатамошна постапка.