Институтот за демократски политики NDI – National Democratic Institute во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организираше обука за подигнување на капацитетите на претседателите на општинските комитети на ВМРО ДПМНЕ и претседателките на Унијата на жени на општинско ниво, се со цел запознавање со најновите трендови на водење на современи кампањи актуелни во европските земји и светот .
Во оваа насока се работеше на пренесување на знаење во областа Политичка култура, Етика и Социјални медиуми така што учесниците со помош на работа во групи стекнуваа знаења и вештини како подготовка во пресрет на претстојните парламентарните избори 2020 година.
ВМРО-ДПМНЕ се залага за демократско општество во кое ќе се развиваат човечките потенцијали и ќе се едуцираат и дообразуваат сите расположливи човечки ресурси.
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на денешната обука истакна дека е многу е важно да се инвестира во сопствените капацитети бидејќи на тој начин се позиционираат вистински луѓе на вистински места.
Политичката култура, етиката и односот со социјалните медиуми се основни предуслови за водење на позитивна кампања како што е случај во високо развиените земји.
Инаку, денеска заврши првата генерација обучени жени преку Женската платформа за нивно поголемо вклучување во јавниот и политичкиот живот во рамките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Ласовска додели посебни сертификати и благодарници за експертската фела која даде особен придонес за реализација на десетте модули во рамки на тренинг програмата.
Како што најави претседателката Ласовска, Женската платформа продолжува со нов сет на обуки за што ќе биде објавен јавен повик за сите заинтересирани страни.
Со почит,