Три гола е негативата на Еурофарм Пелистер во пресрет на реваншот во осминафиналната фаза од СЕХА-лигата против Нексе, а по првиот меч стратегот на македонскиот вицепрвак е убеден дека неговиот тим ќе понуди многу подобра игра во вториот дуел во Битола.
-Заслужена победа на Нексе денеска, кој одигра одличен меч и беше подобар противник од нас. Мечот беше полн со пресврти но сигурен сум дека можеме и мораме подобро од ова. Игравме добро во одбраната, но не можам истото да го кажам и за нападот. Сакам да им заблагодарам на играчите за добрата игра“ – изјави по мечот тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ.
Дека патникот во четвртфиналето ќе се решава во Битола, им е јасно и на играчите:
„Тежок, напнат меч. Бевме статични во нападот и направивме многу грешки. Сепак, на крајот, можам да кажам дека резултатот е добар за нас и дека се ќе биде решено во Битола“, вели Михаил Петроски.